И кај соседите има протести, но парламентите не им се заградени со полициски огради како кај нас

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Додека македонското Собрание е опколено со железни рампи веќе десетина години, парламентите во соседството слободно дишат.

„Слобден печат“ sирна дали и околу парламетните кај нашите најблиски и кај соседите во поблиската околина има полициски огради како кај нас околу македонскиот парламент. Што видовме? Просто се зачудивме. Ниту еден од парлментите не е опколен со железни  искршени полициски рампи.  Да тргнеме од Народното собрание кај нашиот источен сосед, Бугарија. Сместено е во Софија. Убава бела зграда во која секојдневно работат народните избраници кои очигледно не треба да ги обиколуваат полициските рампи. Над влезната врата е испишана пораката „Единството е во силата“.

Фото: Профимедиа

„Слободен печат“ се префрла кај нашиот северен сосед Србија. Зградата на Народното собрание се наоѓа на плоштадот „Никола Пашиќ“ во центарот на Белград. И покрај многуте протести во последните неколку години, сепак и ова собрание не е опколено со полициски огради.

Фото: Профимедиа

И во Тирана има протести, но и тамошната собраниска зграда  не е опколена со полициски огради. Се наоѓа во центарот на градот.

Фото: Википедиа

И парламентот на Грција ја претставува законодавната власт во Грција. Сместен е во Старата Кралска палата на плоштадот Синтагма, во Атина.

Фото: Профимедиа

Парламентот во Словенија. И таму нема полициски огради.

Фото: Профимедиа

Полициските огради пред македонското Собрание нон стоп, повеќе од десетина години стојат и се грда слика која изпраќа лоша порака. Од МВР вчера за „Слободен печат“ посочија дека оградите се таму бидејќи таква била полициската проценка. „Слободен печат“ прашува, дали земја која сака да стане членка на Европскта Унија треба да испраќа порака дека е несигурна и небезбедна?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот