ХУМАН ГЕСТ: Барселона ќе го менува името на „Камп Ноу“, парите ќе ги донира во борбата против коронавирусот

твитер

Шпанскиот тим објави дека ќе ги продаде правата за користење на „Камп Ноу“ и сите пари ги донира во хуманитарни цели, поточно во борбата против ковид-19.

Управниот одбор на Барселона и одобри на „Барса фондацијата“ да започне во потрага по спонзор за наредната 2020-21 сезона. Ова значи дека на „Камп Ноу“ привремено ќе стои името и на новиот спонзор на клубот.

Сите пари од спонзорскиот договор ќе бидат вложени во медицинските истражувања и на сузбивањето на коронавирусот кој однесе повеќе од 170.000 човечки животи во целиот свет.
„Камп Ноу“ е најголем стадион во Европа со капацитет од 98.000 седишта.

Сакаме да ѝиспратиме универзална порака: Прв пат некој ќе има можност да го стави своето име на „Камп Ноу“, а приходите ќе одат во хуманитарни цело. Иницијатива е покрената во време на вонредна состојба. Сметаме дека е потребен брз одговор и ние го ставивме нашето „богатство“ во служба на борбата со коронавирусот – изјави Жорди Кардонер, потпредседателот на Барселона.

Ова е прв пат во историјата Барселона да го менува името на легендарниот стадион на кој игра од 1957 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот