Груби: Незири не учествувал во физичка пресметка, ниту внесол некој, ниту настанот се случил во контролната кула

фото: printscreen, Артан Груби, интервју за ТВ 24

Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби во емисијата 24 анализа рече дека е разочаран од упадот во М-НАВ и рече дека тоа било сосема непотребно. Груби изјави дека од ДУИ реагирале со соопштение и дека никој не е над законот.

„Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите. Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна. Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ“, рече Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот