САД воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст, депортирал украински деца во Русија

Претставничкиот дом на САД / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

САД денеска воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст, обвинувајќи го дека е соучесник во депортацијата на украински деца во Русија.

Откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Русија е обвинета за насилно депортирање на илјадници украински деца – со поддршка на Белорусија – од училишта, болници и сиропиталишта во делови од земјата контролирани од нејзините сили.

Москва не негира дека префрлила илјадници украински деца во Русија, но тврди дека тоа го направила заради нивна заштита.

Американското Министерство за финансии преку соопштение информира дека шефот на белорускиот Црвен крст, Дзмитриј Шауцу, е санкциониран затоа што и помагал на Марија Лвова-Белова комесарка на рускиот претседател за правата на децата,која е обвинета за спроведување на депортациите.

Лвова-Белова е предмет на неодамнешна потерница од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за „воено злосторство“ за незаконска депортација и трансфер на деца од Украина во Русија.

Во јули, Шауцу доби жестоки меѓународни критики кога тврдеше дека белорускиот Црвен крст бил вклучен во носењето на украински деца од областите окупирани од Русија во Белорусија.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина го повика Белорускиот Црвен крст да го отпушти Шауцу и ги суспендираше откако тоа не го сторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот