Хрватски научник: Руската вакцина е слична со онаа на Оксфорд и може да се покаже ефикасна

Познатиот хрватски научник Гордан Лауц ја коментираше руската вакцина која доби одобрение и покрај малкуте научни податоци дали е ефикасна и безбедна.

Лауц вели дека постои можност руската вакцина да се покаже ефикасна, но исто така предупредува дека ризикот е голем.

„Многу е лесно можно да се покаже таа вакцина како ефикасна“, рече Лауц и додаде:

„Таа вакцина е многу слична според дизајнот на она што го прават на Оксфорд, каде се покажа дека нивната е ефикасна во две фази од испитувањата, но да се премине на вакцинирање на толкав број луѓе без тоа да го знаеме е многу ризично и е очигледно политичка одлука, а не медицинска одлука, рече Лауц на Нова ТВ.

Сомнеж во руската вакцина денеска изрази и Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката „Др. Фран Михајлевиќ“ во Загреб.

„Постои сомнеж на ниво на целата стручна заедница дека тоа била пребрза постапка и дека третата фаза не е спроведена според постапките кои се потребни“, утврди таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот