Хрватска подобра од Украина, Финска од Холандија

Фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Хрватака со 90:85 ја совлада Украина и го избегна последното место во групата Ц на Европското првенство.

Бидејќи не славеа со разлика поголема од осум поени, Хрватите најверојатно во осминафиналето ќе стартуваат од третото место, додека Украинците од второто.

Распоредот може да се промени само ако Италија загуби од Велика Британија и тогаш Хрватска би била втора, а Украина трета.

Најдобар во редовите на Хрватска беше Бојан Богдановиќ со 27 поени, додека Мавра даде 13 поени, а во редовите на Украина се истакна Херун со 21 постигнат поен.

Селекцијата на Финска оствар убедлив триумф од 88:67 над Холандија во последното коло во рамки на групата Д.

Со триумфот, Финска се искачи на второто место на табелата и таму ќе остане доколку фаворитот Србија ја совлада Полска. Холандија пак настапот на Евробаскетот го заврши на последното место без ниту една победа.

Финците го победата ги предводеше Лаури Марканен со 22 поени, а Шон Хаф даде 14 поени. Најдобар во редовите на Холандија беше Ворти де Јонг со 21 постигнат поен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот