Хрватска ќе стравува до последен момент, Гвардиол под голем знак прашалник за Мундијалот
Лоши вести пристигнаа за репрезентацијата на Хрватска од Англија, стоперот Јошко Гвардиол според информациите на британските медиуми веќе нема да настапува за Манчестер сити до крајот на сезоната.
Препорачано
Гвардиола се опоравува од скршеницата на потколеницата која ја заработи во јануари и најавите беа дека ќе биде подготвен за финишот од сезоната, но сепак тоа нема да биде случај.
Хрватскиот дефанзивец по повредата бил опериран, а планот е целосно да се рехабилитира и да биде подготвен за стартот на подготовките за следната сезона. Тоа значи дека на терен би можел да се врати дури во сезоната 2026/27.
До моментот на повредата, тој беше важен дел од тимот на Пеп Гвардиола, со 23 настапи и солиден придонес, додека Манчестер сити во меѓувреме ја подигна формата и повторно се вклучи во трката за титулата.
Сепак, најголемата грижа сега за репрезентацијата на Хрватска е Светското првенство кое почнува на 11 јуни и во овој момент настапот на Гвардиол според информациите е под голем знак прашалник. Нема дилеми дека негово отсуство би било тежок удар за хрватската селекција.
Иран е подготвен да учествува на Светското фудбалско првенство
ВИДЕО | Голманот на Лацио, Едоардо Мота, одбрани четири пенали за финале во Купот на Италија


