Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран е подготвен да учествува на Светското фудбалско првенство

Иранската фудбалска репрезентација е подготвена да учествува на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржува во САД, Канада и Мексико, изјави денес портпаролот на иранската влада, Фатемех Мохаџерани.

Тој рече дека иранското Министерство за спорт и млади ги подготвило сите потребни подготовки за учество на тимот на Мундијалот, објави Ал Џазира.

Претходно, иранскиот министер за спорт и млади Ахмад Донџамали изјави дека учеството на националниот тим зависи од безбедноста на играчите.

Иранската фудбалска репрезентација успешно се квалификуваше за СП, но заминувањето на тимот за тоа натпреварување е неизвесно поради војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари.

Иранската репрезентација треба да ги игра своите натпревари на Светското првенство во САД, се наоѓа во групата Г заедно со селекциите на Нов Зеланд, Белгија и Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот