Хрватите очекуваат Динамо да го пријави Адеми за настапите против Бетис

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска зимските подготовки ги стартува хрватскиот клуб Динамо Загреб во чии редови настапуваат двајцата македонски фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

По првиот дел од сезоната во тамошниот шампионат на водечката позиција е Хајдук Сплит на Александар Трајковски со 41 бод од 19 натпревари, пред Риека која има 35 од 18 натпревари, а на третото место е Динамо Загреб со 34 од 17 натпревари.

„Модрите“ успеаја преку групната фаза да обезбедат пласман во нокаут-фазата на Конференциската лига, а таму во 1/16 финалето ќе играат против Реал Бетис. Првиот меч е во Шпанија на 15 февруари, а реваншот е седум дена подоцна на стадионот „Максимир“.

Според правилникот на УЕФА, во нокаут фазата на Конференцијата тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ може да пријави само тројца играчи кои не се најдоа на А листата од 25 во првиот дел од натпреварувањето, ниту на Б листата наменета за младинци од сопствениот тим. Бидејќи капитенот Адеми и дефанзивецот Кевин Теофил-Кетрин не играа во Европа во текот на есента бидејќи пристигнаа по истекот на рокот за регистрација, Живковиќ и Бродиќ веќе се ангажирани, а денеска пристигна и новиот јапонски играч Огивара, па кога на тоа ќе се додаде дека сигурно ќе дојде и лево крило, и уште некој друг, конкуренцијата станува преголема, а само тројца ќе можат да играат во Европа.

Хрватските медиуми пишуваат дека логиката налага капитенот Адеми секако да биде пријавен, а Јакировиќ ќе мора да одлучи уште кои двајца ќе бидат на списокот за европските мечеви, а кому да каже дека ќе мора да игра само во Хрватска. Крајниот рок за испраќање на списокот до УЕФА е 2 февруари. На списокот со 25 играчи може да останат најмногу 25, доколку влезат тројца нови играчи, тројцата кои биле на неа ќе бидат избришани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот