Како се однесуваат хороскопските знаци во кафеана?
Овен
Иако е Овен, припадникот на овој знак ужива во кафеана како риба во вода, без разлика на пригодата. Кога ќе испие малку повеќе (а, тоа не му е тешко), почнува да се однесува многу директно, особено кон претставниците на спротивниот пол. Иако е фокусиран на својот „плен“, сепак го забавува целото друштво и кажува вицови. Овенот е шеф на кафеаната, нарачува дупли пијачки за цело друштво, ја кити со пари музиката и нарачува песни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бик
Бикот би сакал да има своја кафеана, што и не е толку ретко, но ако ја нема, тогаш има свое омилено место каде сите го познаваат, од келнери до продавачи на цвеќиња. Собира музичари околу својата маса и не ги пушта, нарачува песни… Жената Бик ужива и во кафеанскиот амбиент, сака и да пее, па „караоке“ во некој ресторан би било совршено.
Близнаци
Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана, без разлика дали одите таму како вљубена двојка, со пријатели или познаници кои штотуку сте ги запознале. Мажот роден во овој хороскопски знак може да биде неодолив, бидејќи го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, игра и го забавува друштвото. Жената Близнаци е секогаш во друштво со помлади луѓе, не внимава на партнерот зашто обично не е љубоморна и се забавува како дете.
Рак
Иако најмногу ги сака куќата и семејството, за Ракот вториот дом е најчесто омилената кафана, бидејќи никаде на друго место не може да се опушти со пијалак и разговор со пријателите, да пее, да игра и така натаму до доцна навечер или рано наутро. Ракот сака да танцува затоа што сака да се опушти, а повеќе сака да го прави тоа со пријателите, но кога е со својот љубовен партнер, го гледа како никој да не постои наоколу.
Лав
Кралот на забавата, игрите и сите можни прослави – Лавот знае да организира сè во омилената кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите веднаш штом ќе го видат трчаат да му ја отворат вратата. Лавицата, атрактивна и провокативна, прво ја „снима“ состојбата во кафеаната и го мери друштвото во кое се нашла, а потоа само стапува на сцена. И тогаш сите погледи сигурно се вперени во неа, кога е на нејзиниот „трон“ – подиумот, бидејќи знае дека тогаш е неодолива.
Девица
Родени за мерак и опуштање, а кој би го рекол тоа, кога машките припадници на овој знак се толку уредни, пристојни и воздржани? Кога малку ќе се напие, а атмосферата ќе почне да се загрева, тој е тој што нарачува тури во кафаната, им става пијалаци на сите и го крева нивото на расположение до тој степен што, сите се чекор зад него. Потоа Девицата влегува на сцената, нешто се буди во неа, се случува да танцува на шанк или на маса. Жената Девица ќе се преправа дека е нејзината сестра близначка која синоќа била „луда“, а не таа.
Вага
Боем, џентлмен, хедонист – машката Вага не може без друштвото во кафеана. Инсистира да ја плати сметката, се грижи дали чашите се полни, не дозволува музичарот да се оддалечи од неговата маса, но и богато се однесува со него. Софистицираната женска Вага избира луксузни ресторани за трачеви со пријателите, или локали со музика каде што останува до зори. Зад нејзиниот воздржан изглед, кога ќе избие желба за забава, жената Вага не гледа во часовникот.
Скорпија
Елегантна и гласна, магнетски привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во атмосферата на кафеаната, преправајќи се дека не ја забележува личноста која ја голта со очите. Не ви дозволува да ја напуштите забавата кога сакате, туку кога таа ќе дозволи. Жената Скорпија избира ресторан, знае да пие „машки“ или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето.
Стрелец
Ја обожава кафеаната во централната градска зона каде што доаѓаат познати личности, меѓу кои е и тој, затоа што машкиот Стрелец е секаде омилен гостин. Знае да започне разговор на жешка тема, но знае и да се контролира и кога пие не прави скандали. Се чини дека жената Стрелец успешно се вклопува и со машките и со женските гости во секое друштво и во секоја кафана, иако сака да менува ресторани и да пробува нови, бидејќи во душата е авантурист.
Јарец
Жената Јарец, за разлика од популарното мислење дека само работи, работи и работи, дека е вкочанета и воздржана, знае да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика. Мажот Јарец, навидум срамежлив и расеан, останува да лудува во кафеана до раните утрински часови и не дозволува другите да си заминат порано, па некои пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено ако му се колеги од работа.
Водолија
Водолијата не прави разлика дали е во кафеана или дома, со оглед на тоа што тој најчесто својот дом го гледа како место за преноќување, а едноставно ја обожава „биртијата“, бидејќи има сè што сака, а тоа е опивање и флертување со жени. Жената Водолија знае како да ја дочека зората во омилената кафеана со другарките, додека нејзиното момче игра компјутерски игри дома.
Риби
Тој се чувствува толку убаво во кафеана, особено со неговото машко друштво, затоа што веќе знае кој што сака да пие, колку може да испие и каква музика сака да слуша секој од нив. Жената Риба сака дискретни места, во близина на река, ако е можно, врвна услуга и џентлмен покрај неа кој се радува на секој момент од нејзиниот живот, па другите знаци од неа треба да ја научат уметноста на финиот боемизам и заведувањето.


