ХОРОР ВО СРБИЈА: Го избодел својот сосед поради кавга за ролетна

Кавга поради ролетни довела до убиство, откако 41-годишен маж бил уапсен поради сомнение дека го убил својот 62-годишен сосед ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Тој наводно го избодел со нож, по што несреќникот им подлегнал на повредите.

Како што пренесуваат српските медиуми, злосторството се случило во влез од зграда, каде убиецот ја избодел жртвата во градите и стомакот, а потоа се вратил во својот стан, каде бил и уапсен.

Се претпоставува дека мотивот за убиството е расправија и нетрпеливост.

– Не знам на кој му сметаше чија ролетна, но слушнав дека поради неа се расправаа два часа. Во еден момент, соседот слушнал како Добрица му вика на несреќниот Божидар: „Чекај, сега ќе ти вратам!“. Веројатно после ова се вратил со ножот и го избодел во градите. Негова роднина вели дека еден од убодите бил директно во срцето – раскажала сосетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот