ХОРОР ВО НОВИ САД: Зет измасакрирал цело семејство!

Фото: Курир.рс

Во Нови Сад утрово се случило стравично тројно убиство. Во стан се пронајдени мртви со рани на главите татко, мајка и ќерка – цело семејство!

Без знаци на живот полицијата ги пронашла Бранислав Пајиќ (57), неговата сопруга Нада Пајиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

Сите тројца имаат повреди на главата.

Полицијата веднаш блокирала се околу куќата за да обезбеди докази и што побрзо да го идентификува и уапси убиецот.

Првите резултати укажуваат дека постојат индиции дека тројното убиство го извршил сопругот на Мирјана Јанковиќ!

Тој човек има изречена мерка забрана за приоѓање и комуницирање. Против него е поднесена кривична пријава за насилство во семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот