Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез/Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Хондурас издаде налог за апсење на поранешниот претседател Ернандез кој беше помилуван од Трамп

Генералниот обвинител на Хондурас изјави дека издал налог за апсење на поранешниот претседател Хуан Орландо Ернандез, кој беше ослободен од американскиот федерален затвор минатата недела откако беше помилуван од претседателот Доналд Трамп иако осуден на 45 години затвор од страна на американскиот правосуден систем за трговија со дрога, пренесува Си-ен-ен.

„Барам (…) од државните безбедносни служби и Интерпол да ја извршат меѓународната потерница против поранешниот претседател Хуан Орландо Ернандез, кој е обвинет за перење пари и измама“, изјави преку Икс генералниот обвинител Џоел Антонио Зелаја Алварез.

Поранешниот десничарски претседател (2014-2022) беше осуден во 2024 година од страна на американската правда на отслужување на 45-годишна затворска казна за трговија со дрога, по неговата екстрадиција од Тегусигалпа.

Хуан Орландо Хернандез, 57, беше прогласен за виновен на судењето по обвинението за обезбедување заштита на трговци со дрога и дозволување стотици тони кокаин да бидат транспортирани на американскиот пазар.

Откако беше помилуван од Доналд Трамп, тој беше ослободен од затвор на 1 декември. Тој ја отфрли можноста за враќање во татковината до понатамошно известување.

Помилувањето и јавната поддршка што г-дин Трамп му ја понуди на поранешниот шеф на државата, бизнисменот Насри Асфура, пред изборите на 30 ноември, ја поттикна партијата ЛИБРЕ, на која ѝ припаѓа претседателката во заминување, Ксиомара Кастро, да побара „откажување“ на изборите, наведувајќи „мешање“ од страна на Вашингтон.

Броењето на гласовите, кое постојано беше прекинувано, сè уште не е завршено. Досегашните резултати покажуваат дека г-дин Асфура и друг десничарски кандидат, телевизискиот водител Салвадор Насрала, се борат рамо до рамо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот