Холивудска координаторка за интимност тврди: Постоела искрена блискост меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони
Среде правната драма меѓу актерите Џастин Балдони и Блејк Лајвли, холивудската координаторка за интимост Миа Шахтер тврди дека актерите имале „искрена билискост“ додека го снимале филмот „Ова завршува со нас“, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Имено, Шахтер, која не работела на филмот, но е вработена како координатор за интимни движења во холивудските филмови, неодамна ја коментираше расправијата меѓу актерите во документарниот филм „Тој вели, таа вели: Блејк Лајвли и Џастин Балдони“.
„Читајќи ги нивните пораки, добивам чувство дека во еден момент постоела искрена блискост меѓу нив и нешто што изгледало како пријателство“, рекла Шахтер во документарниот филм што се емитуваше оваа недела.
Пораките вклучуваа шеги кои понекогаш беа од навидум флертувачки карактер. Исто така, треба да се напомене дека Блејк Лајвли, во нејзината тужба за сексуално вознемирување против Балдони, често импровизирала сцени со бакнување и се обидувала да додаде дополнителни сцени со секс кои не биле наведени во сценариото.
Таа исто така тврдеше дека на снимањето често немало координатор за интимност. Балдони ја даде својата порака во неговата тужба во која се наведува дека таа одбила средба со координаторот за интимност пред да започне производството.
„Според моето искуство, кога актерот вели: ‘Не морам да се сретнам со координаторот за интимност додека не почнеме да снимаме’, колку и да ми го нарушува процесот, тоа обично значи дека таа му верува на својот партнер во сцената, а тие пораки ме натераа да помислам дека во еден момент почувствувала голема доверба во него“, објаснила Шахтер во документарецот.
За потсетување, Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември минатата година, обвинувајќи го за сексуално вознемирување, но и за „иницирање клеветничка пропаганда против неа“. Балдони го негираше ова и ѝ возврати со тужба.
Сè поради Блејк Лајвли: Тејлор Свифт се повлече од јавноста, но и од својата пријателка


