Фото: Michael TRAN / AFP / Profimedia

Холивудска актерка откри: Ми нудеа милион долари да молчам за инцидент на филмски сет

Познатата актерка Оливија Ман откри дека ѝ биле понудени повеќе од милион долари за да молчи за инцидент што се случил на филмски сет. Во интервју за „Ентертејмент њуз“, 44-годишната актерка истакна дека ја одбила оваа понуда, сметајќи ја за неморална.

Иако не сакаше да открие за кој филмски проект станува збор, Ман детално опиша низ што поминала.

„Имаше работи што ми се случија на филмскиот сет кои навистина не беа во ред, и беше толку трауматично што морав да се пожалам во студиото. Дојде до тоа да ми понудат многу пари – седумцифрен износ – за да ја прифатам, претпоставувам, нивната извинување и она што се случи“, изјави актерката.

Таа објасни дека парите биле поврзани со договор за доверливост, но нагласи дека никогаш немала намера да молчи за искуството.

„Само сакав сето тоа да заврши. Затоа не сакам да зборувам за конкретните работи што се случија во таа ситуација, но реков: ‘Нема да потпишам NDA.’ Тие инсистираа дека морам, но едноставно почувствував дека тоа е погрешно“, изјави Ман.

Инцидентот се случил во периодот на подемот на „Me Too“ движењето, што дополнително ја мотивирало да не ја прифати понудата.

„Тоа беше период кога секој што ќе потпишеше договор за доверливост беше нападнат со обвинувања дека го направил тоа само за пари“, се присети таа.

Според неа, адвокатите на студиото биле зачудени што одбила толку голема сума, но таа била цврста во својата одлука.

„Знам дека за тебе тоа се многу пари, но за мене не е многу пари да го изгубам својот глас“, додаде актерката, нагласувајќи дека е горда на својот став.

Ова не е првпат актеркаta да проговори за притисокот што може да го доживеат жените во филмската индустрија. Во изминатите години, многу холивудски ѕвезди го кренаа својот глас против неправдите на сетовите, а „Me Too“ движењето значително придонесе за подигнување на свеста за овие проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот