Фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Холанѓанката Фемке Кок најбрза на 500 метри на ЗОИ со светски рекорд

Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Фемке Кок, светска рекордерка и оваа сезона непобедлива на патеката од 500 метри, денеска на Зимските олимписки игри во Милано го освои златниот медал лизгајќи ја таа дистанца за 36,49 секунди, што е нов олимписки рекорд, но и светски рекорд на патеки на ниво на море.

Кок се натпреваруваше во последната трка на денот, каде што се соочи со актуелната олимписка шампионка Ерин Џексон од САД.

Од самиот почеток, Холанѓанката одржуваше силно темпо и брзо се здоби со водство, кое самоуверено го одржуваше до крајот. Со овој триумф, таа ѝ го донесе на Холандија петтиот златен медал на овие Зимски олимписки игри, како и вториот златен медал во дисциплините на долго лизгање.

Сребрениот медал го освои нејзината сонародничка Јута Лердам со време д 37,15 секунди).

Така двете ги заменија местата и медалите, во споредба со трката на 1.000 метри пред неколку дена.

Јапонката Михо Такаги го освои третото место со резултат од 37,27 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот