фото: bhc06.de

Холанѓанецот Ларс Коиј ќе го напушти РК Вардар 1961

Холандскиот ракометар Ларс Коиј на крајот од оваа натпреварувачка сезона ќе го напушти Вардар 1961.

Од следната сезона Коиј ќе настапува за екипата на Бергишер, денеска објави германскиот клуб на својот официјален сајт.

И претходно 24-годишниот пивот настапуваше во Германија за ХВ Алмсмер, на 18-годишна возраст беше дел од академијата на Фленсбург.

За својата најдобра репрезентација на неодамнешното Светско првенство реализираше 22 голови.

– Многу сум среќен што ќе бидам дел од Бергишер од следната сезона. Одлуката да му се приклучам на клубот беше лесна за мене – преговорите одлично течеа од самиот почеток и брзо сфатив дека тоа е вистинскиот чекор за мене. Сега со нетрпение очекувам да се развивам понатаму со тимот и се надевам дека ќе славам многу успеси. Особено со нетрпение ги очекувам навивачите и атмосферата во салата – вели Коиј за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот