Холандски суд одби иницијатива за асистирано самоубиство без помош од лекар
Холандската влада не мора да ги олесни ограничувањата за асистирано самоубиство, откако судот на 2 декември ја одби жалбата од група што се залага за право на умирање без медицинска помош, објави „Стрејт тајмс“.
Препорачано
Холандија е првата земја во светот што ги легализира евтаназијата и асистираното самоубиство во 2002 година, но под многу строги услови.
Асистираното самоубиство технички е незаконско, освен ако го изврши лекар кој утврдил дека страдањето на пациентот е „неподносливо и без изгледи за подобрување“.
Основачoт на швајцарската група за право на смрт „Дигнитас“ почина со асистирано самоубиство
Лекарот мора и да заклучи дека „нема разумна алтернатива“ во третманот и да се консултира со друг независен колега кој ќе дојде до ист заклучок.
Групата „Ласт вил кооператив“ (Last Will Cooperative – КЛВ) ја тужеше државата во 2022 година, тврдејќи дека овие ограничувања ги нарушуваат правата на пациентите да изберат кога и како ќе умрат.
Првостепениот суд пресуди во корист на државата, по што групата поднесе жалба до Апелациониот суд во Хаг.
Но, и Апелациониот суд го отфрли аргументот на КЛВ дека забраната за асистирано самоубиство го прекршува Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП).
Уругвај е првата латиноамериканска земја што дозволува евтаназија


