Холандската федерација не му дозволи на Емен да рекламира секс играчки

твитер

Холандскиот прволигаш Емен не смее да склучи спонзорски договор со компанија која произвесува секс играчки, објави Холандската фудбалска федерација (КНВБ).

Екипата на Емен минатиот викенд првиот натпревар во новата сезона го одигра со дрес на кој немаше ниту еден спонзор, а неделава успеаја да се договорат со компанијата „EasyToys“. Но, кога побараа одобрение од КНВБ, беа одбиени.
Не е дозволено на спортска опрема да се рекламира компанија од секс индустријата“, одговори Федерацијата која додаде дека „Мора да се земе во предвид дека фудбалот е и за старите и за младите“.

Во клубот се изненадени од одлуката на Федерацијата и најавија дека е можно правдата да ја бараат и на суд.

Добро ќе ги разгледаме и проучиме аргументите на КНВБ и ќе видиме што ќе направиме следно. Во секој случај не сакаме да отфрлиме ниту една компанија која е заинтересирана да ни биде главен спонзор“.

Интересно е што компанијата за производство на секс играчки има спонзорски договор со уште еден холандски прволигаш, Гронинген, но тој не се однесува на рекламирање на дресовите, туку на објавување реклами на огласните табли на стадионот.
Според законите на КНВБ, не е потребна никаква дозвола од Федерацијата за огласување на рекламите табли, додека за дресовите мора да се добие дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот