Холандија „златна“, Русија ја обезбеди бронзата на СП!

фото:фејсбук

За првпат во својата историја женската ракометна репрезентација на Холандија се искачи на светскиот врв, откако денеска во големото финале на Светското првенство во Јапонија ја совлада Шпанија со 30:29 (16:13). Претходно во борбата за бронзата Русија беше подобра од Норвешка со 33:28).

Холанѓанките славеа триумф над „црвената фурија“ во една трилер завршница. Последниот погодок беше реализиран од седмерец, кој беше досуден поради опструкции на играта во нападот.

Шпанските ракометарки стекнаа предност од четири голови во првата фаза од мечот, но Холандија кон средината на првото полувреме одигра подобро во фазата на одбрана и дојде до израмнување (9:9). Шпанија постигна гол повеќе од 11 минути во тој период од играта. Холандија продолжи да постигнува голови и до заминувањето на одмор успеа да дојде до три голови предност.

Во понатамошниот дел од дуелот ја одржуваа позитивата, но падна концентрацијата во средината на вториот дел. Шпанија успеа неколкупати да се доближи на еден гол минус, благодарение на Алисија Фернандез.

Во последните две минути од дуелот Шпанија дојде и до израмнување, дури и имаше и напад за светска титула, но Тес Вестер одбрани, а поради опструкции на играта беше досуден пенал за Холандија, а тој во гол го претвори најдобриот стрелец на Мундијалот, Лоис Абињ. Абињ го заврши натпреварот со седум голови, а поефикасна од нејзе беше само Естевана Полман со осум. На спротивната страна Александрина Кабрал имаше седум, шест Марта Лопез.

За Холандија ова е прво мундијалско злато, претходно има едно сребро од 2015 и бронза на минатото СП 2017. Наредното СП 2021 во женска сениорска конкуренција ќе се игра во Шпанија која за првпат се закити со сребро, а во минатото имаше и бронза од 2011.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот