Холандија во проблеми пред ЕП: Де Јонг отпадна, под знак прашалник и уште еден важен фудбалер

Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Фудбалската репрезентација на Холандија ќе биде ослабена на предстојното Европско првенство бидејќи нема да може да смета на Френки Де Јонг од Барселона, a под знак прашалник е учеството и на Тен Компајнерс.

Играчот за врска на Барселона нема да може да настапи во Германија поради повреда на зглобот. Де Јонг повредата ја заработи уште порано, а од 3. март одигра само три натпревари за Барселона. Последен пат на теренот беше во натпреварот против Реал Мадрид кога беше заминет на полувремето и од тогаш не играше.

Проблемите за селекторот Роналд Куман можат да бидат и поголеми затоа што од вчера е неизвесен и Компајнерс. Фудбалерот на Аталанта се пожалил на болки во мускулот на загревањето пред контролниот натпревар против Исланд и поради тоа не настапи на оваа средба.

Компајнерс веднаш бил испратен на дополнителни пргледи по кои ќе се знае од каков карактер е повредата. Холандија на Европското првенство игра во група со Австрија, Франција и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот