фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Хоан Гарсија ќе биде нов голман на Барселона

Хоан Гарсија ќе биде нов голман на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, пренесува новинарот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Откупната клаузула во вредност од 25 милиони евра ќе му биде исплатена на Еспањол следната недела – како дел од веќе постигнатиот договор.

Гарсија го прифати предлогот на Барса пред неколку дена за петгодишен договор, а формалните чекори ќе следат следната недела.

Еспањол сезонава успеа да обезбеди опстанок во најсилното шпанско првенство освојувајќи го 14 место со само два бодови повеќе од Леганес кој заврши во зоната за испаѓање од лигата.

Гарсија, 24-годишниот чувар на мрежата оваа сезона во Ла Лига запиша вкупно 38 настапи. Пред да се пресели во првиот тим, од 2019 до 2021 година ги бранеше и боите на Еспањол Б.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот