Филм „Свадба“/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Хит филмот „Свадба“ го залуде регионот: Еве колку милиони евра заработи на киноблагајните

Хит филмот „Свадба“ ги урива „регионалните рекорди“. Најновите бројки го кажуваат следново: Вкупниот број на гледачи во Хрватска е 440.326, а во Босна и Херцеговина 166.035, што значи дека филмот го гледале вкупно 606.361 луѓе, пишува „24сата.хр“.

Во Хрватска филмот заработил 3.117.735 евра, а во БиХ 722.724 евра, што доведува до вкупен приход од 3.840.459 евра.

Oдличната комедија на Шереги некои ја гледале и повеќепати во кино, а по Загреб и Белград е на турнеја низ регионот, односно во Скопје, Љубљана, Марибор…

Комедијата „Свадба“ на 5 февруари ја имаше својата македонска премиера. Екипата на филмот на социјалните мрежи објави дека во Скопје се распродадени 17 сали во првиот ден.

Комедијата, која е снимена во копродукција помеѓу Хрватска и Србија, во режија на Игор Шереги е хит во регионот.

Филмот ја следи приказната за две семејства, едното хрватско, другото српско, чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент. Во него игра мешано хрватско-српска екипа. Во главната улога настапува познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ, кој го толкува ликот на Вук Димитријевиќ, како и реномираниот хрватскиот актер Рене Биторајац, кој, пак, го игра ликот на Миљенко Лончариќ. Во другите улоги настапуваат: Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, како и Јелисавета Сека Саблиќ.

Сценаристи на филмот кој во најголемиот дел е сниман на Јадран се Игор Шереги, Марко Бацковиќ и Марко Јоциќ, а продуценти се Иван Келава и Марко Јоциќ.

„Познат хрватски претприемач на својот роденден дознава дека е пред банкрот. Во неговата канцеларија влегува семејство со торта и дајрења, а во исто време неговата ќерка, која студира во Лондон, и со честитка му соопштува дека е бремена“, е краток опис на дејствието на филмот што го освои регионот.

– Во филмот „Свадба“, сакавме преку сатира да ја прикажеме сегашната политичка и економска елита, но и љубовта и толеранцијата што доаѓаат преку помладите генерации. Среќен сум што успеав да соберам врвна екипа актери – рекол Шереги претходно.

ФОТО | Најочекуваниот филм на Балканот: Премиера на„Свадба“ во Белград, веќе ги сруши сите рекорди во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот