Хилари Клинтон со критики до Трамп: Тоа што го прави е застрашувачка употреба на моќ за која нема место во САД

Хилари Клинтон / Фото Архива на СП

Само неколку часа претходно Трамп од Белата куќа соопшти дека ќе ја пушти војската на улиците, непоредно пред да замине за црквата Свети Џон, каде се фотографираше со Библијата в раце.

Поранешната државна секретарка и кандидатка за американски претседател на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, е огорчена од најавата на претседателот Доналд Трамп дека ќе употреби сила за да ги растера протестите во Вашингтон, непосредно пред да се фотографира пред Епископската црква. Св. Џон.

„Претседателот на САД и нареди на американската војска да употреби солзавец и да истрела гумени куршуми кон мирните демонстранти, за да може да се фотографира. Тоа е застрашувачка употреба на претседателската моќ против своите граѓани, за тоа нема место никаде, а најмалку во САД”, напиша Клинтон за Твитер, повикувајќи ги Американците да гласаат на претстојните претседателски избори во 2020 година.

Само неколку часа претходно Трамп од Белата куќа соопшти дека ќе ја пушти војската на улиците, непоредно пред да замине за црквата Свети Џон, каде се фотографираше со Библијата в раце.

Претходно, полицијата фрли солзавец и употреби гумени куршуми против демонстрантите во близина на Белата куќа за да ја растури толпата на патот на Трамп кон црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот