Хелсиншки комитет реагира на исвиркувањето на македонскиот јазик на државното одбележување на годишнината од Рамковниот договор

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека со загриженост констатира дека државната прослава на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор во организација на Владата на Република Северна Македонија, наместо да има обединувачки карактер, беше уште еден повод за ширење омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Сметаат дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури и ја повикуваат Владата да ги осуди изливите на омраза и суштински да се посвети на социјалната кохезија во државата

– Исвиркувањето на најавата на водителката на македонски јазик, директно се коси со идејата за мултикултурен фестивал и предизвикува омраза меѓу етничките заедници во државата. Уште повеќе загрижува отсуството на осуда од страна на Владата, кое дополнително влијае на поларизацијата во општеството, се наведува во соопштението од Хелсиншки комитет.

Посочуваат дека во континуитет го следат и реагираат на говорот на омраза, кој е еден од главните фактори кои водат до злосторства од омраза.

– Притоа, етничката припадност години наназад доминира како најчест основ за говорот и делата од омраза, а најбројни извршители и жртви се младите луѓе. Токму затоа сметаме дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури, особено во ситуација кога другите механизми за справување со овој феномен се практично нефункционални. Без јасна и недвосмислена осуда на лицата кои што ги разгоруваат меѓуетничките односи, несомнено се обесмислува и прославата за Охридскиот договор, во чиј дух е содржан соживотот, мирот и инклузивноста во општеството, стои во соопштението од Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншки комитет посочуваат дека политичарите не смеат да го нормализираат говорот на омраза, затоа што така и самите придонесуваат во потхранување на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот