Хаварија или саботажа на нафтоводот ,,Дружба”? Оштетен делот низ кој се пренесува руска нафта во Полска

Фото Архива

Полскиот енергетски оператор ПЕРН објави дека е откриено истекување на една од двете линии во западниот дел на гасоводот Дружба, со кој се транспортира руска нафта во Европа

Нафтоводот Дружба, чие име на руски значи „пријателство“, е еден од најголемите во светот и го снабдува најголемиот дел од Централна Европа со руска нафта.

Истекувањето било пријавено на една од двете линии во западниот дел каде сурова нафта пристигнува во Германија, во близина на Чодеч во централна Полска, вечерта на 5 август, соопшти компанијата.

Се наведува дека целосно е прекинат протокот на нафта кон Полска.
Засега според компанијата втората линија работи без промени и засега нема опасност по здравјето на локалното население.

Најавено е дека на лице место се противпожарната бригада и екипите за итни случаи на ПЕРН кои го обезбедуваат теренот, а трае и истрагата за причините за хаваријата.

ПЕРН објави дека санацијата на оштетениот дел од гасоводот е започната и дека протокот ќе продолжи на 8 август.

Два милиони барели нафта дневно може да се транспортираат преку нафотоводт Дружба . Во моментов дневното количество транспортирана нафта е околу 1,5 милиони барели.

Протокот на нафта низ нафтоводот Дружба нагло опадна од почетокот на руско-украинската војна, а инфраструктурата на нафтоводот неколку пати беше погодена од напади за кои Москва го обвинуваше Киев, но Украина го негираше нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот