Харков: Најмалку 21 жртва, 112 ранети во гранатирањaта

/Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Најмалку 21 лице загина, а 112 се ранети во гранатирања на источниот украински град Харков во последните 24 часа, соопшти регионалниот гувернер Олег Синегубов, пренесува Ројтерс.

Локалните власти соопштија дека руските ракетни напади го погодиле центарот на вториот по големина град во Украина, вклучувајќи и станбени области и зградата на регионалната администрација.

– Одбранбените позиции на градот Харков на 1 март беа постојано под влијание на непријателски оган, авијација, артилерија и огнено оружје. Во втората половина на денот североисточниот и северниот дел на градот беа нападнати од механизирани непријателски единици. Сите напади се одбиени, рускиот непријател претрпе значителни загуби, позициите се задржани, напиша Синегубов на Фејсбук.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот