Харадинај: Косово годинава 4 места погоре од аспект на заштитата на новинарите

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, по повод денот на слободата на медиумите соопшти дека според извештајот на „Новинари без граници“, Косово оваа година се искачи на 4 места погоре од аспект на заштитата на новинарите, јавува „Косова Прес“.

„Владата на Косово ќе го продолжи дијалогот со новинарите за една поголема транспарентност и поголем напредок, и во исто време треба да бидеме свесни за преедизвиците кои стојат пред нас за создавање на еден потполно позитивен одраз во напредокот на слободата на медиумите.“ соопшти Харадинај на социјалната мрежа Фејсбук.

Харадинај исто така нагласи дека ова подобрување има големо значање имајќи го предвид падот на слободата на медиумите во Европа во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот