Харадинај го обвинува Курти дека ја нарушува безбедноста во регионот
Поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека забележува влошување на безбедноста на Косово, но и во регионот, пренесува Економија онлајн.
Препорачано
Харадинај рече дека пристапот на актуелната власт, на чело со премиерот Албин Курти, доведе до нарушување на безбедноста, пренесува Косово онлајн.
„Гледаме безбедносни предизвици во регионот и во Косово*. Мислам дека изворот на ова влошување е недостатокот на вистинска доктрина за безбедност, закон и ред од страна на Владата на Косово* и премиерот Курти. Мислам дека нивниот пристап и нивната посветеност на теснопартиските интереси за време на нивното владеење всушност предизвика штета на безбедносниот систем во Косово* до одредена мера“, изјави Харадинај.
Според него, треба да има вистинска проценка за безбедносната состојба на Космет, додавајќи дека една од причините е и несогласувањето меѓу Владата на Курти и сојузниците на Косово“.
„Треба да има снимка за безбедносната состојба по сектори. Ние сме горди на косовската полиција, но не треба да ги држиме очите затворени и какви грешки или мешања да има во полициската мисија. Политичката клима и политичкото раководство на земјата ги влошува политичките односи со безбедносните сојузници“, изјави Харадинај.


