Хаос во Скопје, блокирани улици поради проширување и реконструкција

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако на трибината на СДСМ, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека во моментов се работи на изградба на четири булевари во Скопје, екипата на „Слободен печат“ излезе во обиколка на градот, со цел на читателите да им даде реален приказ на динамиката со која се вршат градежните работи.

Од тоа што можевме да го забележиме, во моментов градежни работи се извршуваат на булевар Христијан Тодоровски Карпош, Босна и Херцеговина, булевар Никола Карев и реконструкција на дел од улица Борис Сарафов.

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

– Работиме на втората фаза од проектот за пробивање и изградба на булевар Христијан Тодоровски Карпош, од улицата Натанаил Кучевишки до обиколница. Изведувач на градежните работи е „Пелагонија АД“ – Гостивар, договорот е во вредност од 125.460.081 денари и истиот треба да биде завршен наредната година – велат од градската прес служба.

Од таму дополнуваат дека во завршна фаза е и изградбата на булевар АСНОМ.

– Првата фаза од проектот за изградба на булевар АСНОМ, каде се проширува булеварот од крстосницата со булевар Србија до улица Васко Карангелески (Хотел Русија) е во завршна фаза, а за неа Град Скопје ќе потроши околу 50,6 милиони денари.

Булевар АСНОМ
Булевар Босна и Херцеговина

Дополнителни 150 милиони денари Градот ќе потроши на изградба на булевар Босна и Херцеговина, од крстосницата со булевар Словенија до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. Проектот треба да биде завршен наредната година, велат од Град Скопје.

Булевар „Босна и Херцеговина“

Во завршна фаза е и реконструкцијата на улицата Борис Сарафов.

– Реконструкција на дел од улица Борис Сарафов, со изградба на канализационен систем на дел од улицата. ). За изведбата на овој проект се предвидени 36.680.494 денари, а изведбата е во завршна фаза – посочуваат од Град Скопје.

Неодамна започна проширувањето на една од најфрекфентните улици во Скопје, Никола Карев, а истовремено и најнепосакувана за возење, поради метежот кој се создава. Градските власти даваат рок од три месеци за проширувањето на улицата.

Булевар „Никола Карев“

– За проширување на булевар Никола Карев (Пластичарска улица) се предвидени 74.306.818 денари, а согласно договорот рокот за изведба е 6 месеци. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 1.400 метри, на потегот од клучката кај Бит-пазар до касарната Илинден. Кога ќе биде завршена реконструкцијата, булеварот ќе добие 4 коловозни ленти со полна функционалност, велосипедски патеки во двете насоки и тротоари за пешаци – велат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот