Хаос во Јунајтед, дури 11 фудбалери сакаат да си одат

Ралф Рангник/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед е буре барут кое може да експлодира секој момент, пишуваат англиските медиуми за состојбата на „Олд трафорд“ која не се смири и со промената на тренерот и 11 фудбалеи сакаат да ја напуштат екипата.

Сите помислија дека заминувањето на Оле Гунар Солскјер ќе ги реши проблемите, но по поразот на Јунајтед од Вулверхемптон, јасно е дека ниту Ралф Рангник не успеа да ги среди односите во соблекувалната. Англиските медиуми објавија дека 11 фудбалери сакаат да го напуштат „Олд трафорд“, разочараните од нивната улога во тимот.

Играчите кои се чувствуваа маргинализирани додека Солскјер седеше на клупата, велат дека и кај Рангник имаат сличен или полош третман, а поголем дел од нив се жалат и на новиот систем на работа на менаџерот.

– Атмосферата во соблекувалната е лоша и ми се чини дека Јунајтед ќе има големи проблеми во иднина – вели анонимен извор за весникот „Мирор“.

Весникот пишува дека Џеси Лингард, Дони ван де Бек, Ерик Баји и Дин Хендерсон веќе побарале да бидат продадени или да им се овозможи да заминат на позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот