Хаос во Италија: Луѓе цела ноќ чекаат во редици пред продавниците (ВИДЕО)

Повторно се појави страв дека би можело да снема залихи на храна. Снимките кои пристигнуваат од Рим покажуваат огромни редови граѓани со колички, кои чекаат да влезат во супермаркет.

Откако италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера цела Италија ја прогласи за „заштитена зона“ и така го ограничи движењето и ги забрани собирите, луѓето побрзаа кон продавниците во градовите, но и во помалите места кои работеа до доцна во ноќта.

Повторно се појави страв дека би можело да снема залихи на храна. Снимките кои пристигнуваат од Рим покажуваат огромни редови граѓани со колички, кои чекаат да влезат во супермаркет.

Една читателка на „Далмација данас“ опиша каква е ситуацијата во Милано. Вели дека луѓето исто така чекале во огромни редови и по неколку часа, а во продавниците поставиле и ограничувања.

Хрватица од Милано: Како да живеам во хорор филм

„Имав уште нешто малку храна, но отидов до маркетот по уште некои продукти. Пред супермаркетот се чека буквално со часови, пуштаат мали групи, по четири лица и тоа во големите маркети. Потоа се чека половина час додека да излезе таа група, па по половина час пуштаат друга група. Премногу луѓе има, предолго се чека, а оние кои излегоа рекоа дека нема ова, нема она така што после некое време чекање се вратив дома зошто луѓето стануваа нервозни и лесно кавгаџиски настроени, вели таа.

Вели дека во Италија владее страв.

„Овде повеќе нема контрола. Бројката на заразени и на починати е голема, болниците се полни со млади и постари, нема повеќе место ниту се знае како ќе биде понатаму. Ужас. Ми се чини дека живеам во некој филм, како се околу мене да е нереално, рече Хрватицата од Милано.

Останете дома!

„Ќе потпишам одредба која може да се сведе на „Останете дома“. Нема повеќе да има ‘црвени зони на Полуостровот’. Цела Италија ќе стане заштитена зона“, рече Конте.

Италијанците од вторникот ќе може да патуваат само на работа и поради медицински или некои други итни причини, бидејќи мерките преземени пред два дена повеќе не се доволни, рече Конте.

„Повеќе нема време за губење. Податоците ни говорат дека бележиме голем раст на случаите на зараза, хоспитализирани на интензивна нега и за жал починати. Мораме да ги смениме навиките и тоа сега“, предупреди тој.

„Одлучив веднаш да ги преземеме најстрогите и најсилните мерки“, продолжи Конте.

Драконски мерки

Тие нови драконски мерки, кои премиерот дополнително не ги појасни, ќе бидат прецизирани во одредбата која ќе стапи на сила во вторник во цела Италија, втора најзафатена земја со коронавирусот после Кина со повеќе од 9.000 случаи од кои 463 починати.

Мерките предвидуваат ограничувања во јавниот превоз, за да осигури стопанската активност и да се овозможи одење на работа. Претходно беше предвидено училиштата и факултетите да бидат затворени до 15 март, што сега е продолжено до 3. април. Италијанскиот премиер исто така нареди откажување на фудбалското првенство, како и на другите спортски натпревари.

Италијанците сериозни ги сфатија мерките за ограничување на движењето. Снимката која доаѓа од Неапол покажува автомобил на цивилната заштита како ноќе патролира низ град и проверува дали има некој надвор.

Гори затворот во Болоња

Во повеќе затвори во Италија има нереди поради коронавирусот. Затворениците синоќа и во текот на ноќта палеа по затворот Ла Доза во Болоња. Запалија перници и ќебиња, а вечерта и некои автомобили и се забарикадираа во подрумот.

Според последните извештаи, во текот на овие немири се повредни до сега пет лица – тројца затвореници и двајца вработени во затворот.

Вчера изби бунт на затворениците во Модена во текот на кој загинаа шест лица, по што следеа бунтови на затворениците во низа италијански затвори.

Силите на редот се обидуваат да го сузбијат бунтот во затворот во Фолија каде некои затвореници успеале да побегнат, но се блокирани. Десет затвореници кои успеаја да побегнат од затворот полицијата ги фати. Затворениците запалија оган пред влезот во затворот кој го изгасија затворениците. Затворот и натаму е под полициска опсада. Затворениците бараат помилување и поголеми гаранции за безбедност од ширење на вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот