Хаос во француската репрезентација: Мајката на Рабио им се нафрли на родителите на Мбапе, играчите во кавга со селекторот

epa09309767 Players of France react after losing the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between France and Switzerland in Bucharest, Romania, 28 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Репрезентацијата на Франција иако беше главен фаворит за триумф, настапот на Евро 2020 го заврши во осминафиналето каде загуби од Швајцарија по пенал рулетот.
Веднаш по елиминацијата, француските медиуми пишуваат дека атмосферата во соблекувалната на „триколорите“ била катастрофална, а кулминацијата се случила откако Килијан Мбапе го промаши пеналот во петтата серија со кој ја однесе Швајцарија во четвртфиналето.

Додека таткото на Килијан Мбапе беше разочаран, а мајката плачеше, Вероник Рабио која е мајка на Адриен во ложата на трибините се сврте кон нив и почна да го навредува нивниот син.
Срамота е вака да шутира фудбалер со неговите квалитети. Шутираше прелесно, се надевам дека ќе го научите на памет и затоа што е премногу арогантен“, им рекла Вероник Рабио на родителите на Мбапе.

Потоа, Вероник им се нафрлила и на браќата на Пол Погба кого го обвинила за „киксот“ при постигнувањето на третиот на Швајцарија во 90. минута, а на теренот нејзиниот син Адриен и голманот Уго Лорис се расправаа со фудбалерот на Манчестер јунајтед за неговиот пропуст.

Освен тоа, атмосферата во самата репрезентација беше далеку од идеална и играчите ги игнорираа советите на селекторот Дидие Дешан. Во неколку наврати на натпреварот против Швајцарија можеше да се види дека Кингсли Коман одбива да ја напушти играта. Тој се повреди во првото полувреме, но се оглуши на наредбите од Дешан кој дури во 111 минута успеа да го замени фудбалерот.
– Кингли, ти повеќе нема да играш – му рекол Дешан во паузата помеѓу двете продолженија, но фудбалерот на теренот „издржа“ уште шест минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот