Хаос во Аргентина: Застрелан пратеник во близина на Националниот конгрес

Аргентинскиот пратеник Ектор Оливарес е застрелан денеска во близина на зградата на Националниот конгрес на Аргентина, соопштија локалните власти.

Врз Оливарес и неговиот помошник утрово бил отворен оган од автомобил во движење. Врз нив се испукани најмалку шест куршуми.

Помошникот на Оливарес е убиен, а пратеникот е пренесен в болница.

Ектор Оливарес е пратеник во Долниот дом на Парламентот од провинцијата Ла Риоха.

Според аргентинските медиуми, убиениот помошник на Оливарес е Марсело Јадон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот