Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Хамес Родригес ќе продолжи да игра во американската МЛС лига

Поранешниот офанзивен игач од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригес, ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, пишува „Атлетик“.

34-годишниот Колумбиец наскоро ќе потпише договор со Минесота јунајтед, што ќе биде неговиот 13 клуб во кариерата.

Последен клуб му беше мексиканскиот Леон, а ги носеше и дресовите на Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло, Рајо Ваљекано.

Минатата есен се појави информација дека Колумбиецот бара клуб каде што би можел да се докаже и да обезбеди место во колумбискиот тим за Светското првенство во 2026 година.

Оваа сезона, Родригес играше на 14 натпревари од мексиканското првенство за Леон, запишувајќи три гола и две асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот