Хамас тврди дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат на 7 октомври

Израел напад врз Рафах / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Хамас тврди дека го заробиле израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат при нападот на 7 октомври минатата година.

Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, соопштија дека полковникот Асаф Хамами бил ранет за време на неговото заробување. Доказ за тоа дека Хамами е кај Хамас не е приложен, а палестинските извори не прецизираат дали високиот воен офицер е сè уште жив, пренесе МИА.

Пред неколку месеци Израел објави дека 41-годишниот бригаден командир бил убиен при смртоносниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври, што го означи почетокот на војната во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот