Нацрт-комуникето од конференцијата во Швајцарија повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина

Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Во нацрт-комуникето од мировната конференција во Украина викендов во Швајцарија се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина и се споменува војната на Русија против Киев.

За конечната верзија на текстот ќе се разговара денеска. Нацртот што го виде Ројтерс е датиран на 13 јуни, наведува бугарската агенција.

Швајцарската влада, која е домаќин на форумот, изрази надеж дека конечната верзија на декларацијата ќе биде поддржана од сите учесници на состанокот едногласно.

Нацрт-документот исто така бара нуклеарната централа Запорожје да се врати под украинска контрола и да се гарантира пристапот на Киев до пристаништата на Азовското Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот