Дебатата меѓу Бајден и Трамп ќе се одржи на 27 јуни, кои правила мора да ги почитуваат противкандидатите?

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и актуелниот Џо Бајден/Фото: Архива на Слободен Печат

Американската телевизија Си-Ен-Ен ги објави правилата на дебатата меѓу актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни, во пресрет на претседателските избори во САД.

И двајцата претседателски кандидати ќе се појават на подиуми кои ќе изгледаат исто, а ќе им бидат доделени со фрлање паричка, јави Си-Ен-Ен.

Модератори на дебатата, која ќе се одржи во Атланта, ќе бидат водителите на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Беш, а Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само хартија, пенкало и шише вода. .

„Микрофоните на кандидатите ќе бидат исклучени за време на дебатата, освен кога ќе дојде редот да зборуваат“, соопшти Си-Ен-Ен, додавајќи дека модераторите „ќе ги користат сите расположливи средства“ за да обезбедат навременост и цивилизирана дискусија.

Ројтерс наведува дека имал пристап до предизборниот меморандум на Бајден, според кој негови преферирани теми се правото на абортус, состојбата на демократијата и економијата, додека тимот на Трамп ги наведе имиграцијата, јавната безбедност и инфлацијата како клучни теми пред дебатата.

Критериум за учесниците во дебатата беше дека, според анкетите, кандидатот има шанса да освои најмалку 15 отсто од гласовите во сојузните држави кои заедно носат најмалку 270 електорски гласови. Поради овој критериум Роберт Кенеди Џуниор нема да учествува на дебатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот