Израел започнува дневни „тактички паузи“ во јужна Газа за да овозможи проток на помош

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Израелските вооружени сили најавија дека ќе преземаат дневни тактички паузи во рамките на нивните операции во јужниот дел на Појасот Газа за да овозможат испорака на поголема количина хуманитарна помош.

Паузата „ќе биде од 08:00 до 19:00 часот секој ден до понатамошно известување, по патот што води од точката Керем Шалом до патот Салах ад Дин и понатаму на север“, се вели во соопштението на израелските сили на социјалната мрежа „X“.

Идејата на паузите е „да се зголеми обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа“, објасни израелската армија.

Трасата по која ќе се прават паузите се наоѓа јужно од градот Рафах, каде продолжуваат операциите на израелските сили, забележува ДПА.

Според Израел, Рафах, кој се наоѓа во јужниот дел на Газа, е последниот бастион на палестинското исламистичко движење „Хамас“.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија невиден напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот