Група затвореници држат чувари како заложници во Русија, тврдат дека се членови на Исламската држава

Затвор илустрација / Фото Архива

Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници и бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да си заминат, изјавија за агенцијата Интерфакс руските служби за итни случаи.

Тие тврдат дека се членови на  Исламската држава, која е забранета во Руската Федерација, наведува агенцијата.

Интерфакс додава дека затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети. Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на упатен извор, наведува дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростов биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.

„Имаат секири, очигледно од противпожарна опрема и гумени палки, немаат огнено оружје“, рекол изворот.

Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот