Државниот врв со честитки по повод Курбан Бајрам

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

На поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, Сиљановска Давкова им упати честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.

– Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир. Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна. Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани, стои во честитката од претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.

Премиерот Талат Џафери упати искрени честитки и изрази радост што овој свет ден го дочекуваме живи и здрави.

Во честитката до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед, посака над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на животот.

Собранискиот спикер Африм Гаши на неговиот Фејсбук профил порача дека празникот Курбан Бајрам е еден од најзначајните празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот