Катар и Египет планираат разговори со Хамас за прекин на огнот во Газа

Газа немири / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Катар и Египет планираат разговори со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа, објавија британските медиуми, повикувајќи се на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој ова го соопшти на маргините на Украинската мировна конференција што викендов се одржува во Швајцарија.

Саливан рече дека разговарал со катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани за ова прашање. Двајцата денеска ќе одржат уште еден разговор во Швајцарија, каде што присуствуваат на конференцијата за Украина.

Хамас го поздрави предлогот за прекин на огнот направен од САД, но инсистира дека договорот мора да гарантира крај на војната, барање што Израел го отфрла. Израел го опиша одговорот на Хамас на новиот мировен договор предложен од САД како целосно отфрлање.

Саливан рече дека американските власти внимателно го разгледале одговорот на Хамас, додавајќи дека веруваат дека се уште има простор за напредок и дека следниот чекор ќе биде катарските и египетските посредници да разговараат со Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот