ЕУ воведе царини за увоз на кинески електрични возила

Фото Архива

Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила – соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања.

„Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на неодамнешната трилатерална средба Кина-Франција-ЕУ и да ги реши економските и трговските несогласувања преку дијалог“, рече портпаролот на Министерството за трговија.

Тој рече дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на легитимните права и интереси на кинеските претпријатија. Портпаролот на кинеското министерство истакна дека ЕУ ги игнорирала постојаните силни приговори на Кина, како и апелите на владите и индустријата во земјите-членки на Унијата, пренесе Ксинхуа.

Портпаролот изјави дека Кина е длабоко загрижена поради ваквиот развој на настаните.

„Наодите на европската страна немаат ниту фактичка ниту правна основа. Европската комисија го игнорираше фактот дека предностите на кинеската индустрија за електрични возила доаѓаат од отвореноста и конкурентноста. Европската комисија исто така ги игнорираше правилата на СТО и не ја призна целосната соработка на релевантните кинески компании во текот на истрагата“, истакнува портпаролот.

Според неговите зборови, ЕК, произволно креирајќи и преувеличувајќи ги кинеските распределби за субвенции, како и злоупотребувајќи ги „достапните факти“, пресуди дека Кина нуди субвенции на претерано високи нивоа.

„Таквата акција е бесрамен протекционизам што ќе создаде и ќе ги ескалира трговските односи“, рече портпаролот, истакнувајќи дека овој потег не само што ги поткопува легитимните права и интереси на кинеската индустрија за електрични возила, туку и ја нарушува глобалната автомобилска индустрија и синџири на снабдување, вклучувајќи ги и оние во ЕУ.

Портпаролот посочи дека на овој начин се прекршуваат договорите што ги постигнаа лидерите на Кина и земјите од ЕУ за зајакнување на соработката.

„Тоа има лош ефект врз интересите на потрошувачите во ЕУ и на крајот ќе го поткопа целокупниот напредок на зелената транзиција на ЕУ и глобалната соработка во борбата против климатските промени“, рече портпаролот.

ЕК ги извести кинеските производители на електришни возила во средата за дополнителни царини за нивните производи кои ќе стапат на сила на почетокот на следниот месец. Како што се наведува во соопштението, за автомобилите BYD (BYD) во иднина ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, Гили 20 отсто, а SAIC (SAIC) 38,1 отсто.

Другите кинески производители на автомобили ќе плаќаат тарифи од 21 отсто, додека компаниите кои не соработувале во соработката за субвенционирање на ЕУ се соочуваат со царина од 38,1 отсто. Досега царините за увоз на кинески електрични автомобили изнесуваа 10 отсто.

Кина би можела да возврати со мерките на ЕУ во земјоделството, авијацијата и автомобилската индустрија, а Пекинг веќе започна истрага за некои видови европски алкохолни пијалоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот