Хамас денеска ќе предаде уште едно тело на израелски заложник
Хамас попладнево објави дека, во соработка со Исламски џихад, на Израел ќе му предаде телото на заложник во 16 часот. Екипите на Меѓународниот Црвен Крст веќе се упатија кон Газа, објави Тајмс оф Израел.
Препорачано
Според Исламски џихад, телото е пронајдено вчера во областа Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.
Ова ќе биде предавање на 26-то од 28-те тела на заложници што останаа во Газа.
„Бригадите Ал-Кудс и Бригадите Ал-Касам ќе го предадат телото на еден од израелските затвореници, кој беше пронајден во централниот Појас Газа“, се вели во заедничко соопштение на двете организации.
Малку порано, Израел ја обвини организацијата Исламски џихад за кршење на кревкото примирје во Газа со одложување на предавањето на телото што оваа вооружена палестинска организација објави дека го пронашла вчера, понеделник.
Телата на уште тројца убиени заложници сè уште се чуваат во Газа: Дрор Ор, наредник Ран Гвили и тајландски државјанин Судтисак Ринталак.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
23мин
-
38мин
-
40мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


