Халилхоџиќ поради најголемата ѕвезда на Мароко нема да ја води репрезентацијата на СП во Катар

Вахид Халилхоџиќ/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Иако обезбеди пласман на Светското првенство, Вахид Халилхоџиќ најверојатно нема да ја предводи репрезентацијата на Мароко на Светското првенство во Катар, пишува „Лекип“.

По неколкумесечната сага во која прво беше сменет од селекторската функција, па по интервензија на претседателот на Мароко беше вратен, Халилхоџиќ најверојатно ќе остане без настап на Мундијалот во Катар поради најголемата ѕвезда, Хаким Зијеш.

„Лекип“ пишува дека денеска започнале преговори меѓу Халилхоџиќ и претседателот на фудбалската федерација на Мароко, Фузија Лукјае за раскин на договорот.

Главната причина за раскинот на договор е ветувањето на Лекјае дека Зијеш ќе се врати во репрезентацијата за Мундијалот во Катар иако Халилхоџиќ го избрка од националниот тим.

Неофицијално, него треба да го наследи Валид Реграги, тренер на Казабланка и поранешен марокански репрезентативец.

Доколку Халилхоџиќ информацијата на „Лекип“ се покаже како точна, тогаш Халилхоџиќ по трет пат ќе остане без настап на Светско првенство иако обезбедил настап на ова натпреварување. Тој успешно ги мина квалификациите за Светското првенство со селекциите на Брегот на Слонова Коска, Јапонија, Алжир и Мароко, а досега на Мундијалите настапи само со Алжир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот