Халилхоџиќ: Необјасниво е ова што ми се случува, излегува дека сум проколнат

Вахид Халилхоџиќ/фото: EPA/KIYOSHI OTA

Вахид Халилхоџиќ е единствен тренер на светот кој во историјата на фудбалот обезбедил пласман на три Светски првенства со три различни репрезентација и не настапил на Мундијалите.

Тој минатата недела доби отказ од селекторската функција во Мароко иако со репрезентацијата на оваа африканска земја обезбеди пласман на Светското првенство во Катар. Претходно истото му се случи и со репрезентациите на Јапонија и на Брегот на Слонова Коска со кои исто така обезбеди пласман на Мундијалите, но пред настапот на истите доби отказ.

Тоа е доволно и за самиот тренер од Босна и Херцеговина да се запраша дали е проблемот во него или во Федерациите.

– Вакво нешто ми се случува по трет пат и тоа и премногу. Ова не може да се објасни. Иако знам што точно се случуваше, кога истото се повтори по трет пат излегува дека сум проколнат. На никого досега не му се случило вакво нешто, ниту на тренер ниту на фудбалер. Ова е еден вид на резил, сега што ќе мислат луѓето за мене? Јас само си ја работев својата работа и не дозволив никој да ми се меша во работата и да ми одредува тоа што е моја работа – вели Халилхоџиќ во интервју за „Дневни Аваз“.

Последниот отказ, од селекторската функција во Мароко го доби бидејќи одби во репрезентацијата да го врати фудбалерот на Челси и национална ѕвезда, Хаким Зијеш.

– Целта ми беше да обезбедам пласман на СП со четврта репрезентација, нешто што досега не му успеало на ниту еден тренер. За три години работа во Мароко создадов млада и перспективна репрезентација. Но, по трет пат се вмешаа политиката и бизнисот. За отказот од Јапонија главна причина беше бизнисот бидејќи спонзорите сакаа на Светското првенство да ги водам тогашните ѕвезди кои беа на залез на кариерите – вели Халилхоџиќ кој открива дека добил понуда сепак да биде дел од Мундијалот во Катар.

– Добив понуда да преземам репрезентација која веќе избори пласман на Светското првенство. Беа подготвени да ми понудат селекторска функција, но потребен ми е одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот