Халилхоџиќ го однесе Мароко на СП во Катар, а сега ќе добие отказ

Вахид Халилхоџиќ неодамна со Мароко обезбеди пласман на СП во Катар/ фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Вахид Халилхоџиќ во африканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар испиша историја со Мароко, но се поизвесно е дека нема да биде дел од Мундијалот бидејќи му се подготвува отказ.

Причината за евентуалниот отказ е тоа што Халилхоџиќ од репрезентацијата ги избрка најголемите ѕвезди: Хаким Зијех, Абдеразак Хамдалах и Нусаир Мазрауи, а кои мароканската јавност и навивачите бараат тие да се вратат и да бидат дел од селекцијата на Мароко на Мундијалот во Катар.

Поради големиот притисок од јавноста, претседателот на фудбалската федерација на Марокo (ФРМФ), Фузи Лекја, призна дека размислува за смена на Халилхоџиќ.

– Вахид Халилхоџиќ ја има поддршката од ФРМФ, но сепак, ниту тој, ниту јас, ниту некој друг, не сме недопирливи и незаменливи. Работиме напорно да вратиме некои фудбалери играчи во репрезентацијата. Има проблеми кои можат да се поправат и ќе се решат за Мазрауи, Зијех, Хамдалах и други се вратат во репрезентацијата – изјави Лекја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот