Халилхоџиќ дефинитивно не оди на Мундијалот во Катар, Мароканците му врачија отказ

Вахид Халилхоџиќ/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Вахид Халилхоџиќ нема да ја предводи мароканската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Иако во минатото имаа проблеми со однесувањето на својата најголема ѕвезда, Хаким Зијеш, челниците на фудбалската федерација на Мароко одлучија да застанат на страната на фудбалерот на Челси и да се разделат со Халилхоџиќ кој ја однесе репрезентацијата во Катар иако квалификациите ги играше без Зијеш.

– Поради несогласувањата меѓу фудбалската федерација на Мароко и селекторот Вахид Халилхоџиќ за тоа како најдобро да се подготви репрезентацијата за настапот на Светското првенство во Катар во 2022 година, двете страни решија да се разделат – објави фудбалската федерација на Мароко.

Халилхоџиќ на селекторското столче на Мароко седна во август 2019 година и на 30 натпревари оствари 20 победи имаше седум ремија и само три порази.

Во својата тренерска кариера Халилхоџиќ ги предводеше селекциите на Алжир, Јапонија и Брегот на Слоновата Коска и иако со сите нив обезбеди пласман на Светските првенства, само со Алжир настапи на Мундијал и тоа во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот