Халанд во договорот со Манчестер сити има посебна клаузула

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на „граѓаните“/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Како што е веќе познато, Ерлинг Халанд (21) е нов играч на Манчестер сити. Доаѓа со надомест од 75 милиони евра после две и пол години во дресот на Борусија Дортмунд.

Во дресот на „милионерите“ Норвежанецот запиша 88 настапи, реализираше 85 голови и асистираше 23 пати.

Му се исполни желбата на Пеп Гвардиола да има во составот голгетер од светска класа.

Според германскиот „Билд“, Халанд во договорот со Сити има излезна клаузула од 150 милиони евра.

А истата може да се активира во пресрет на неговата трета година од договорот (2025).

Според „Трансфермаркт“, играчот моментно вреди 150 милиони евра, а со Сити потпиша на пет години. Според првиот договор тој ќе заработува 435 илјади евра неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот