Хаким Зијеш ќе ги донира сите премии од Мундијалот за сиромашните луѓе во Мароко
Најмногу симпатии на Светското првенство во Катар, кога се во прашање неутралните навивачи, имаше селекцијата на Мароко.
Препорачано
Храброст, интелект, сензации и љубов кон играта… сето тоа го покажаа избраниците на Валид Реграги. Исфрлија три селекции од топ 10 рејтингот на ФИФА, од ниту една не примија гол. Беа елиминирани со 2:0 од актуелниот светски шампион Франција.
А со колку љубов играат Мароканците, покажува примерот на Хаким Зијеш, кој сите 325 илјади долари од премијата од Катар ги донира за сиромашните во својата земја. Од 2015 година, Зијеш ги плаќа сите репрезентативни премии на мароканските добротворни фондови.
Мароко в сабота ќе игра против Хрватска (16 часот) за првиот медал на една африканска репрезентација на светските првенства.
Зијеш (29) на клупски план ги брани боите на Челси, а претходно беше дел и од Херенвен, Твенте и Ајакс.
Hakim Ziyech, donated all of his WorldCup bonuses ($325,000) to poor people in Morocco. #hakimziyech #morocco #FIFAWorldCup2022 #donate #bonus #pknow pic.twitter.com/nyTPRMT0fi
— Pk Now (@PkNow11) December 15, 2022


